Нови простории за посети во тетовскиот затвор – затворениците претходно под отворено небо се среќаваа со семејствата

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Просториите што ги гледате се во тетовскиот затвор, поточно делот каде што затворениците го користат своето право за семејни посети двапати месечно. Овие простории се изградени благодарение на донации и на иницијативата на директорот на затворот. Заим Камбери, раководител во тетовскиот затвор, вели дека овие простории биле повеќе од потребни, иако, како што додава, затворот е тежок, но добрите услови им го олеснуваат издржувањето на казната на затворениците.

„Станува збор за нов просторија за посета на затворениците, тоа ќе биде два пати месечно, што ги исполнува условите и стандардите бидејќи има добри услови за посетителите за да не се чувствуваат лошо кога ќе дојдат да ги посетат затворениците, бидејќи ги исполнува условите“, вели Заим Камбери.

Ова е влезот на затворот, каде што досега семејните средби се одржуваа на отворено, на несоодветен простор каде во најголем број случаи лошите временски услови предизвикуваа предвремени прекини на посетите.

„Претходно посетите се вршеа на отворени простори и секоја посета беше на отворено, а имаше и случаи кога посетите беа прекинати поради климатските услови. Овој простор порано, ако не се лажам, до 2016/17 година беше притвор каде што тие што беа приведени имаа прошетки и имаме и одделение што го користи тој дел кога има прошетки, но сега со доаѓањето на директорот предвидено е за посета на осудените лица“, додава Заим Камбери.

Затворот во Тетово е изграден во 1962 година. Иако стар, условите се подобруваат. Во овој затвор во моментов казната ја издржуваат околу 60 лица, а капацитетот е за 45. Станува збор за полуотворен затвор каде вообичаено  има осуденици за полесни кривични дела со казна  затвор до 3 години.