Новиот опасен предизвик на ТикТок ги зема првите жртви – ако видите „Blackout“, пријавете веднаш!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Голем број корисници на „ТикТок“ се предупредени да не учествуваат во опасниот предизвик што се шири на таа социјална мрежа во последно време.

Како и многу претходни предизвици на ТикТок, и овој ги тера корисниците да извршуваат опасни по живот задачи што можат да имаат фатални последици.

Таканаречениот „предизвик за затемнување“ веќе однесе неколку жртви. Прво, минатата недела, едно 10-годишно девојче од Палермо беше убиено во таканаречена „игра на задушување“, затегнувајќи појас од мантил околу вратот. Слична несреќа се случи во понеделникот со деветгодишно момче во Тринидад.

Во овој луд предизвик, корисниците на ТикТок се предизвикуваат едни со други да се задушуваат додека не ја изгубат свеста. Овој предизвик постои уште од порано и се појави под разни имиња како „Passout Challenge“, “The Game of Choking” или „Speed ​​Dreaming“, а неодамна стана доста популарен и на „ТикТок“.

Веднаш штом се појави, медицинските експерти предупредија дека тоа може да доведе до бесознание и оштетување на мозокот, како и дека може да биде фатално.

Самата апликација ТикТок мораше да реагира на трендот што ги зафати дел од младата популација, апелирајќи до корисниците да престанат да го изведуваат, како и да го шират на таа мрежа и да ги предизвикуваат другите.

ТикТок ги покани сите корисници да пријават случаи на предизвици за „онесвестување“, без разлика дали само ги виделе видеата или некој ги предизвикал со кликнување на белата стрелка десно од видеото, а потоа кликнување на „Пријави“ (Report).

Ваквите случаи се пријавуваат со кликнување на категоријата „Самоубиство, самоповредување и опасни дејства“ (“Suicide, Self-harm and Dangerous Acts”).