Инспекцијата на нуклеарната централа Кршко покажа дека таа не претрпе никаква штета поради земјотресот, па словенечката управа за нуклеарна безбедност одобри повторно вклучување и приклучување на мрежата, објави управата на централата.
Нуклеарната централа се планира да се активира во среда во 22 часот, до полноќ ќе достигне 50 проценти, а во четврток целиот капацитет.
Администрацијата ги предупреди жителите во околината дека ќе има повремена бучава поради ослободување на пареа, што е честа појава.
Нуклеарната централа автоматски се исклучи по земјотресот во вторникот кај Петриња, што се почувствува и во соседните земји, вклучувајќи ја и Словенија.
