Велија Британија стана првата земја која ја одобри употребрата на вакцината во Светот, јавува Би-Би-Си. Станува збор за вакцината на „Фајзер“.
Британскиот регулатор МХРА објави дека вакцината, која според последните истражувања има 95% ефикасност за заштита од коронавирусот, е сигурна за дистрибуција.
Би-Би-Си наведува дека вакцинацијата може да почне за неколку дена.
Обединетото Кралство има нарачка од 40 милиони дози, а со оглед дека секој мора да прими две дози, тоа ќе биде доволно за 20 милиони жители. Наскоро ќе бидат достапни уште 10 милиони дози.
Вчера беше објавено како „Модерна“ и “Фајзер БиоНТех“ се во тесна трка за користењето на нивните вакцини во Европа, откако двете компании од ЕУ побараа одобрување, иако остана нејасно дали ќе може да се користи вакцината уште оваа година, или ќе мора да се чека на следната.