Обилни врнежи од снег и во текот на ноќта – возете внимателно!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Облачно и многу студено со врнежи од снег, кои во текот на ноќта ќе се интензивираат, особено во југозападните и западните делови. До утре насекаде ќе се формира снежна покривка, во источните делови до 10 см, а на запад меѓу 20 и 30 см. На планините на северозапад постоечката снежна покривка ќе се зголеми за нови 20 до 30 см снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.

СОСТОЈБА НА ПАТИШТАТА

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонијапат. Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат на целата територија на државата. Поради ниските температури наместа е можна појава на голомразица. На одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и засеци можна е појава на поситни одрони.

ЗАБРАНИ ЗА ТТВ:

Од 21:55 часот поради врнежи од снег се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Ресен – Охрид преку планинскиот превој Буково.

Од 19.30 часот поради врнежи од снег и снежни наноси на коловозот се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Дебар – Струга и обратно.

Од 18.50 часот се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Битола – Ресен преку планинскиот превој Ѓавато.

Од 18.30 часот се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец М.Брод – Прилеп преку планинскиот превој Барбарос.

Од 18:10 часот се воведува забрана за ТТВ на патниот правец Прилеп – Кавадарци преку планинскиот превој Плетвар и патниот правец Крива Паланка – ГП Деве Баир.

Од 16:46 часот се воведува забрана за движење на тешки моторни возила на ГП Ќафасан.За останатите видови на возила се препорачува задолжително носење на зимска опрема во возилата и нејзина употреба ако условите на патот тоа го бараат.

Од 10:00 часот поради врнежи од снег и ниски температури се воведува забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот премин Стража.

Од 07:00 часот, поради врнежи од снег, на патниот правец крак Маврово – Дебар се воведува забрана за сообраќај на тешки товарни возила со приколка.

УПОТРЕБА НА ЗИМСКА ОПРЕМА:Од 15.10ч на патниот правец Битола – Ресен преку планинскиот превој Ѓавато се воведува задолжителна употреба на зимска опрема за тешките моторни возила. На патниот правец Тетово – Попова Шапка поради врнежи од снег и ниски температури на учесниците во сообраќајот им се препорачува задолжително да носат зимска опрема и по потреба истата спрема условите на патот да ја употребат.

СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на Македонија Пат. Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат на целата територија на државата. Поради ниските температури наместа е можна појава на голомразица.