Објавена комуникацијата меѓу Ременски и Боки 13: „За Коки, сега одговора З.З…“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Денеска во Кривичен суд беше објавена комуникацијата меѓу пратеничката Фросина Ременски и обвинетиот во случајот „Рекет“ Бојан Јовановски.

Првата комуникација ја оствариле на 24.12.2018 година, по што Ременски му вели дека нејзините информации велат дека Апелација ќе одлучи укинување на притворот на Орце, по што Јовановски вратил со: „Не“. Потоа му одговора дека наводно утре ќе одлучувале по жалба на Орце, да го провери.

Следната комуникација е на 28.06.2019.

Ременски: Антонио постави прашање во Собрание, слушај одговор…

Јовановски: Што?

Ременски: За Коки, сега одговора З.З, на трет канал МТВ

Јовановски: Слушам, што одговори?

Ременски: Бог да чува

Јовановски: Уште прашува

Ременски: COOL

Јовановски: Он кажува дека има истрага цццц

Јовановски: Направи катастрофа

Ременски: ?