Обвинителството отвори истрага за пожарот во Кочани, опфатени 27 лица

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Основното јавно обвинителство Кочани во текот на ноќта донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 27 физички и три правни лица во врска со катастрофалниот пожар во Кочани.

Деталите за истрагата, осомничените и предложените мерки за обезбедување се очекуваат да соопштени на најавената пресконференција пред зградата на Основното јавно обвинителство Кочани денеска, 21.03.2025 година во 12 часот.