Тирана денеска беше центар за дискусија за сите инфраструктурни поректи кои се во план или чија реализација е во тек, долж трасата на Коридорот 8. Патиштата, железницата, пристаништата кои се дел од овој коридор се стратешки проект, не само за Земјите од Западен Балкан, туку и цела Европа. Коридорот 8 е врската помеѓу Јадранот и Црното море, која треба да донесе економски раст, побрз проток на луѓе и производи, но и да овозможни подобра поврзаност, од безбедносен аспект, на сите земји членки на НАТО.
На состанокот во Тирана, учествуват министрите за надворешни работи на Македонија, Албанија, Италија, Романија и Бугарија.
„Албанија го спроведува својот дел. Коридорот 8 е центарот на нашата транспортна стратегија, со повеќе од 2 милијарди приоритетни проекти, кои веќе се во подготовка или реализаиција“, вели Елиса Спиропали.
Во своето обраќање, министерот Муцунски ја истакна важноста од целосно вклучување на сите клучни актери, нагласувајќи дека улогата на Италија како значаен фактор на Јадранот и на Романија како клучна држава на Црното Море и во регионалната економија е суштинска за Коридор VIII да стане вистинска европска врска од почеток до крај.
„Овој коридор мора да функционира кјако еден систем преку границите, не посебен проект кој застанува на следниот премин. За мојата земја посветеноста е јасна. Ние сме центарот на Коридорот 8 и ние ќе испорачаме“, порача Тимчо Муцунски.
Италијанскиот министер Тајани вели дека ова е еден од стратешките интереси на Италија.
„Круцијално е за патиштата, економијата, инфраструктурата, но исто така е за одбраната на Европа и одбраната на НАТО. Затоа е потребно да го забрзаме процесот. Исто така е круцијлно за проширувањето на ЕУ. Притискаме силно за поплноправно членство на сите земји кандидатки од Западен Балкан. Коридорот 8 е дел од оваа стратегија. Поради тоа за Италија ова е круцијално. Западен Балкан е многу важен за нас, за стабилноста, за мирот, за економски раст, за посилна Европа“, вели Антонио Тајани.
Заменик министерот за надворешни работи на Бугарија, Николај Павлов порача дека Коридорот 8 треба да се цени и од ргионалното економско влијание , но и стратешкото значење што го има.
Домаќини на следниот состанок во ваков или сличен формат треба да бидат Македонија и Бугарија.
