Одбила да стави маска во авион на летот Малта – Италија – осудена на шест месеци затвор

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Италијанка е осудена на шест месеци затвор, условно на две години, затоа што одбила да стави маска во авионот, на краткиот лет Малта – Италија.

Поради нејзиното одбивање да постапи по наредба на екипажот, авионот се вратил на Малта веднаш по полетувањето.

По враќањето, 24-годишната Италијанка е уапсена и однесена на суд, каде признала дека одбила да ги следи упатствата на екипажот, јави Танјуг.

Таа беше осудена на шест месеци затвор, условна на две години, за расправија со екипажот и одбивање да стави маска на летот што траеше само 20 минути.

Авионот летал кон италијанската провинција Катанија, јави Хина.