Одблокирани субвенциите за земјоделците, едногласно изгласан предлог-законот за земјоделство и рурален развој

НАЈНОВИ ВЕСТИ

4 месеци над 20.000 домаќинства кои живеат од традиционално производство на тутун или 70.000 земјоделски стопанства чекаат исплата на субвенции. Тргнета ја политиката од земјоделството посебно во услови на криза и војна -порача Министерот за земјоделство Љупчо Николовски.


-Одговорно тврдам дека парите за исплата на субвенциите на тутунарите уште пред три месеци се обезбедени во буџетот и стојат неисплатени и за ова не ни е потребен ребаланс, рече Николовски.


„Милијарда и 300 милиони денари треба да бидат исплатени . Агенцијата за финанасиска поддршка е подготвена веднаш со донесувањето на ова законско решение според одредбата која е ставена во овој закон секоја година непречено се исплаќаат веќе 15-та година до 2021 немавме никаков проблем“, вели Никица Бачовски директор на агенцијата за финансиска поддршка.

Во февруари бил доставен предлог пред пратениците за измена и дополнува ње на законот за рурален развој. Техничка измена која овозможува уште следниот ден откако Претседателот ќе го потпише законот да започне испалатата на субвенциите која традиционално започнува со исплата на тутунарите. Но, со месеци на се закажува матичната комисија во Собранието.

Но, поладнево со 90 гласови „за“, без ниту еден против и без воздржани, Собранието во рамки на 64-та седница го донесе Предлог- законот за изменување и дополнување на законот за земјоделство и рурален развој, по скратена постапка. Предлагачи на законот се група пратеници од владејачкото мнозинство.

И покрај сите дезинформации, пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Обнова на Македонија“ дава целосна поддршка на Предлог-законот, сепак имаме одредени забелешки. Власта не ја бидува, не е заинтересирана за работа и решение се брзи и предвремени избори.

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ во расправата укажаа на тековните проблемите на земјоделците во земјава и додадоа дека СДСМ и ДУИ имале можност за корекција, но не сториле ништо. Потсетија на третманот на земјоделецот, на неисплатените субвенции за земјоделците од 2021, 2020 и 2019 година и посочија дека државата има неисплатени обврски кон земјоделците, дека земјоделците заслужуват.