Одбраната: Ќе падне ли обвинението против министерот од 2012-та? Лиценцата од 2012 била за сосема друг објект!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Бранителот Даниел Георгијевски денеска ја истакна главната линија на одбраната за случајот со пожарот во Кочани, нагласувајќи дека обвинетиот поранешен министер за економија од 2012 година не може да се смета за одговорен бидејќи лиценцата е за сосема друг објект.

„Во 2012 година, Министерството за економија издаде лиценца за вршење на угостителска дејност – кабаре – на сосема друга локација, на улица Димитар Влахов во Кочани, додека објектот каде се случи трагедијата во 2025 година се наоѓа на улица Крижевска“, вели Георгијевски.

Како што додава, станува збор за два различни објекти со различни правни лица, што ќе биде потврдено и со вештачењето.

Одбраната истакна дека оваа грешка го довела обвинението во прашање и дека поранешниот министер нема надлежност или одговорност за настанот на другата локација.