Одбраната на „Монструм” ќе поднесе кривична пријава против вештакот Снежана Николовска

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Одбраната на обвинетите во случајот „Монструм” ќе поднесе кривична пријава против вештакот Снежана Николовска, заради, според нив, фалсификување на вештачењето на земјата од Смилковско Езеро и Враживир.

Ова го најави адвокатот Насер Рауфи, по завршување на денешното рочиште за „Монструм“, кој уште додаде дека нивниот став оти случајот е монтиран е потврден со денешниот исказ на сведокот Николовска дека ова вештачење е фалсификувано.

– Самиот вештак Снежана Николовски призна дека државата нема метода да прави анализа на земјата, која е една многу тешка анализа. Таа призна дека при вештачењето го има употребено само методот на компарација, односно само бојата на земјата од Смилковско Езеро и Враживир. И на нашите прашања, но и на прашања на Обвинителството таа призна дека го има фалсификувано нејзиниот извештај, односно нема направено анализа на елементите на земјата. За овој фалсификат како одбрана ќе поднесеме кривична пријава против овој вештак. Ова е пети пат што сведочи овој вештак и секој извештај беше различен и ова беше нашиот сомнеж, односно ова произлезе од сведочењата на експертите на МВР, изјави Рауфи.

Тој, исто така, посочи дека зад „овој фалсфикат“ не стои вештакот Николовска, туку дека има наредба, иако сведокот Николовска, во своето сведочење рече дека нема такво нешто. Одбраната на обвинетите во случајот „Монструм” мисли дека во кривичната постапка што ќе биде покренета против вештакот ќе се дознае и кој дал наредба за „ваков фалсификат“.

Од друга страна адвокатот на оштетените семејства во судскиот предмет за Смилковско Езеро, Дафинка Ивановска, истакна дека вештакот (сведокот) Николовска, ги кажала методи, но не кажала дека всушност таа земја не припаѓа од тие места од кој што анализирала.