Системот „Безбеден град“ за автоматско снимање и санкционирање на прекршоци восообраќајот, официјално почнува со казнување од 2 февруари, еден месец подоцна од претходно најавуваниот датум 1 јануари, пренесува „360 Степени“ потпирајќи се на извори од МВР.
Властите одлучиле да го пролонгираат стартот поради потребата на дополнителни технички проверки и усогласување на правните процедури. Камерите ќе бидат активни на територија Скопје, Тетово и Куманово и вдолж автопатите.
Мрежата во моментов е во фаза на тестирање на системот за препознавање на регистарските таблички.
Можноста за одложување на системот неодамна ја најави и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, кој укажа дека на повеќе функционалности им треба унапредување.
Системот ќе функционира со фиксни камери кои ќе регистрираат сообраќајни прекршоци како прекорачување на брзината, поминување на црвено светло, нерегистрирани возила, а ќе биде дополнет и со специјализирани полициски возила кои ќе детектираат непрописно паркирани возила и останати прекршоци.
