Одлука на седница на Влада: Предлог за разрешување на државниот јавен обвинител

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Владата на денешната седница донела предлог одлука за разрешување на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски.

„Беше усвоен предлогот за разрешување на Љупчо Коцевски од функцијата Јавен обвинител. Со што ја продолжуваме постапката која согласно законските ограничувања беше привремено стопирана во изборниот период. Причините за оваа иницијативна се јавно познати и повеќепати досега ги имаме образложено како Влада. Доследно и транспарентно во интерес на заштита на институционалниот интегритет и одговорност. Нашата цел останува недвосмислена, јакнење на правната држава и обезбедување на непречено функционирање на органите на прогон во служба на граѓаните“, рече Марија Митева.

Порано денеска државниот јавен обвинител рече веќе Советот на јавни обвинители утврдил дека тој нема сторено тешка дисциплинска повреда, која би била причина за негово разрешување.

„Тоа е политичка одлука, согласно законот јас треба да сторам тешка дисциплинска повреда, тоа за Советот за јавни обвинители го констатираше дека од моја страна не е сторена тешка дисциплинска повреда, понатаму постапката е, предлогот оди во Влада, па Влада може да го достави до Собрание, тоа не е моја надлежност“, рече Коцевски.