Официјално: Заев побара разрешување на министерот Ахмедовски (ФОТО)

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Премиерот Зоран Заев и официјално побара од претседателот Талат Џафери, Собранието да го разреши министерот Аксел Ахмедовски од функцијата министер без ресор задолжен за имплементација на Стратегијата за подобрување на состојбата на Ромите во Република Македонија.

„Предлагам Собранието да го разреши г. Аксел Ахмедовски на првата наредна седница“, стои во соопштението и притоа Заев го предлага Музафер Бајрам на негово место.

Засега нема официјализација и на барањето за разрешување на министерот без ресор Аднан Ќаили, за кого исто така има најава дека ќе биде сменет од Владата.