Покрај новото раководство на партијата, Демократската унија за интеграција вчера ги избра и членовите на Надзорниот совет, додека меѓу имињата кои се издвојуваат во овој совет е името на Муса Џафери, кој не е ниту член на високото раководството на партијата, туку е меѓу најгласните фигури на таканаречената „Огнена група“. Но, што е овој Совет и кого го надгледува? Го прашавме портпаролот на Интегративците, Бујар Османи, тој прво низ смеа одговори.
Репортер: Каква функција има Надзорниот совет на ДУИ?
Бујар Османи: Надзор на работата на раководството.
Репортер: Работата на министрите?
Бујар Османи: Не, на раководството.
Репортер: Зошто токму во овој Совет е и Муса Џафери?
Бујар Османи: Тоа се организациски прашања на структурата и Генералното собрание. Ќе ги прашате членовите на Генералното собрание.
Членот на Надзорниот совет, Муса Џафери, за тВ21 рече дека овој совет ќе го надгледува текот на партиските работи како почитување на статутот и партиската програма.
-Ова е од особена важност во ова време, од причина што ние влегуваме во една фаза, скоро тригодишна, по конгресот немавме конституирани органи и се создаде безредие во ДУИ. При носењето општи одлуки, било кадровски или политички, изјави Муса Џафери, член на Надзорниот совет на ДУИ.
Освен надзор на изборните процедури, меѓу првите работи кои ќе ги врши овој совет е и учеството на Талат Џафери во раководството на ДУИ.
-На почеток најпрво ќе го консултираме учеството на претседателот на Собранието во раководството, бидејќи раководството е извршен орган и дали е во согласност со законот и Уставот, вели Муса Џафери за ТВ21.
Од друга страна, Бујар Османи кој е министер од редовите на ДУИ, вели дека овој Надзорен совет ќе ги поттикне повеќе на работа.
Репортер: Дали ќе ве активира вас како министри да работите повеќе за да не добивате повеќе критики во ДУИ?
-Секако дека да. Со отчетот имаме обврска пред се кон граѓаните. Улогата на министрите и функционерите е да им служат на луѓето, ништо повеќе, независно што во одредени периоди имало разни перцепции за државните и партиските функционери. Ние не сме ништо друго освен слуги на народот и ако некаде не ја служиме како што треба, сакаме да го слушнеме гласот на народот и нормално и на другите структури. Потсетувам дека во ДУИ постои внатрешен “check & balance“ кој го контролира процесот, рече портпаролот на ДУИ, Бујар Османи.
Освен Муса Џафери, во Надзорниот совет на ДУИ ќе учествува и Беким Незири, Јуамин Синани, Зенун Матјани, Мемет Селами, Шукри Масурица и Недим Рамизи. Доколку има статутарни прекршувања, за почеток се предвидува забелешка во партијата, а истите забелешки надзорниот совет има право да ја достави во суд за да добие соодветен одговор.
