Бујар Османи вели дека опозициската ВМРО-ДПМНЕ треба да размислува за своите политички позиции, а не да се занимава со дневна политика.
„ВМРО ДПМНЕ треба да размислува за своите политички позиции, а не да се занимава со дневна политика. Утре ако дојдат на власт треба да знаат дека името на Македонија е Северна Македонија и да го почитуваат. Неприфаќањето на еден од 3-те договори е газење на црвените линии и на тој начин кај Албанците немаат партнер. ВМРО ДПМНЕ имаше добри односи во АА, но со својата реторика го загуби албанскиот стратешки партнер. Сакаме функционална мултиетничка држава“, вели Османи.
