Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа од направени се 3.791 тестирања, регистрирани се 386 нови случаи на КОВИД-19.
Регистрирани сe 529 оздравени пациенти, додека пак пријавени се 8 починати лица.
- 5 починати лица од Скопје (63г, 68г, 71г, 78г, 82г)
- 1 починато лице од Куманово (84г)
- 1 починато лице од Кавадарци(62г)
- 1 починато лице од Македонски Брод (53г).
Од пријавените лица седум се починати во болнички услови, а еден е во домашни услови.
Дополнително, согласно Регистерот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се уште 8 починати лица, со датум на смрт од 20.09.2021 до 03.10.2021 година.
Регистрирани се 5 лица од Скопје и по едно лице од Битола, Куманово и Охрид, на возраст од 34 до 83 години. Од пријавените лица, 4 се починати во болнички услови и 4 лица се починати во домашни услови.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 194.231 бројката на оздравени пациенти е 176.807, на починати е 6.799, а бројот на активни случаи изнесува 10.625
