Ова се плодовите на работењето на претходното раководство на Сојузот на стопански комори. Тоа е ставот на новото раководство на Комората откако Комисијата за заштита на конкуренцијата казни четири маркети со по 50.000 евра, а Сојузот на стопански комори со 18.500 евра.
Од ССК истакнуваат дека изречената казна се однесува на активности кои се случиле во февруари 2025 година, кога, според нив, претходното раководство „не почитувајќи ги структурите и кршејќи го статутот“ го вовлекло Сојузот во одредени дејствија.
Првиот човек на Комората Горан Ѓорѓиевски вели ова е една од причините поради кои претходното раководство било разрешено. Од Комората велат дека ќе ја почитуваат одлуката и изречената финансиска казна, потенцирајќи дека единствено слободниот пазар е основниот параметар според кој се формираат цените
