Холандската влада донесе одлука, со која ќе дозволи 3.500 фанови да присуствуваат на изборот на песна на „Евровизија“.
Годишнава овој настан е планиран да се случи од 18, до 22 мај во ротердамската Ахој арена, откако беше откажан минатата година.
Според планот Б, како што известија од таму, салата ќе биде полупразна, а на оние кои сакаат да бидат дел од настанаот во арената ќе им треба негативен тест за ковид-19.
Организаторите на Евровизија ја поздравија одлуката на холандската влада и рекоа дека „ќе ги разгледаат опциите што се сега достапни“.
– Ќе објавиме повеќе детали во следните недели за тоа како можеме безбедно да ја примиме публиката во Ахој во Ротердам, доколку ситуацијата дозволи“ – изјавија организаторите.
Инаку оваа година претставник на Македонија е струмичанецот Васил Гарванлиев, кој ќе настапи шестти по ред во првото полуфинале, на 18 мај со композицијата „Here i stand“.
