Оваа храна се смета за суперхрана – eве зошто треба да ja јадеме што почесто

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

реклама

ИАКО не е многу популарна, репата е намирница која се поголем број диететичари ја наведуваат како едно од најздравите растенија. Како што пренесува Дејли Мејл, бројни студии потврдиле дека редовното консумирање репа носи многу придобивки за нашето здравје, а наводно промовира и слабеење.

Го зајакнува имунитетот

реклама

Со оглед на тоа дека цвеклото е полно со витамин Ц, доколку се јаде во доволно големи количини, има способност да го зајакне нашиот имунолошки систем. Како што објаснува д-р Џејмс, недостатокот на витамин Ц може да му отежни на нашето тело да се бори против инфекцијата. Во својата нова книга, тој објаснува како витаминот Ц им помага на имуните клетки на телото да ја зголемат нивната способност да се борат против инфекциите, а само 100 грама цвекло содржи 21 милиграм витамин Ц, или половина од препорачаната дневна количина.

Го подобрува здравјето на срцето

реклама

Јадењето цвекло исто така може да помогне во здравјето на нашето срце. Имено, цвеклото е полно со минерали како што е калиумот, а 100 грама цвекло содржи пет проценти од препорачаната дневна доза на овој важен минерал. Репата е исто така дел од диетата DASH, научно дизајнирана да помогне во контролата на крвниот притисок и да ја запре хипертензијата.

Исто така, според добротворната организација Blood Pressure UK, храната богата со калиум може да помогне во намалувањето на крвниот притисок, а познато е дека високиот крвен притисок доведува до срцеви напади и мозочни удари, според NHS. На возрасните им требаат 3.500 милиграми калиум дневно за да останат здрави, што е можно само ако се храниме со здрава исхрана.

реклама

Помага во губење на тежината и одржување на здрава тежина

Благодарение на неговата ниска калорична содржина, консумацијата на цвекло е одлична за слабеење и одржување на здрава телесна тежина. Имено, цвеклото содржи само 28 калории на 100 грама. За споредба, компирот содржи дури три пати повеќе калории. Но, здравата тежина не се одржува само со нејзината ниска калорична содржина, според диететичарите.

Овој здрав зеленчук, исто така, може да помогне да се контролира апетитот и да се спречи прејадување. Репата не е скробна како компирот и има низок гликемиски индекс, што значи дека не влијае толку брзо на нивото на шеќер во крвта.

реклама
реклама
реклама