Овој пијалок докажано дека го забрзува слабеењето и го намалува шеќерот во крвта, тврдат нутриционистите

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

ИАКО за зелениот чај сè уште често се дебатира, една неодамнешна студија од Државниот универзитет во Охајо покажа дека пиењето зелен чај може да го подобри здравјето на една личност со намалување на шеќерот во крвта и подобрување на здравјето на цревата, пренесува Healthline. Претходните истражувања ја поврзуваа потрошувачката на зелен чај со подобрување на здравјето на срцето благодарение на флавоноидите присутни во овој пијалок, антиоксиданси кои можат да го намалат таканаречениот лош холестерол додека ја подобруваат функцијата на крвните садови.

Зелениот чај дури може да го подобри здравјето на мозокот, да го подобри расположението, да го намали стресот, да го забрза слабеењето и да го подобри квалитетот на сонот. Сепак, една од најпознатите придобивки на зелениот чај е како пијалокот може да го намали воспалението во телото бидејќи има антиинфламаторно дејство.

Една неодамнешна студија објавена во списанието Current Developments in Nutrition е всушност продолжение на студијата од 2019 година која го поврзува консумирањето зелен чај со губење на тежината, метаболизмот и подобрување на здравјето на цревата кога се тестира на животни. Во една нова студија, нутриционистите го процениле здравјето на цревата на вкупно 40 учесници по консумирање екстракт од зелен чај во текот на 28 дена. Потоа, учесниците земале плацебо за истражувачите полесно да ги проценат разликите.

Што покажаа резултатите?

За време на еден месец консумирање зелен чај, истражувачите пријавиле пониски нивоа на шеќер во крвта кај сите учесници, како и намалено воспаление на цревата. До овој заклучок дошле откако откриле намалување на антиинфламаторните протеини во примероците од измет и намалување на односот на шеќер во урината.

Нивната надеж со ова истражување беше пред се да ги намалат ефектите од метаболичкиот синдром. Иако ова не е класична болест, метаболичкиот синдром е група на состојби кои вклучуваат висок крвен притисок, висок холестерол и висок шеќер во крвта, кои го зголемуваат ризикот од срцеви заболувања и дијабетес. Освен што го намалува шеќерот во крвта и воспалението, чајот помогна и во намалување на симптомите на гастроинтестинални заболувања кои испуштаат токсини во крвотокот и го зголемуваат воспалението во цревата, што исто така го зголемува ризикот од развој на хронични болести.