Палатица без вода за пиење – жителите се жалат, општина Желино ветува решение

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Палатица, општина Желино иако има водовод, ова село заедно со селата Требош и Озормиште немаат вода за пиење. Жителите од овие села со вода се снабдуваат од бунарите кои ги ископале сами но бидејќи долго време немаа канализација, оваа вода не е за пиење. Од месната заедница велат дека неколку пати побарале да се реши овој проблем, но нивните барања не наишле на слух.

„Главната мрежа е поставена заедно со канализацијата, додека останатите краци не се распределени, а подготовките во општина Желино за трите села Палатица, Требош и Озормиште со големи пумпи се направени од 2016 година и до сега, јас не знам каде застана работата“, вели Беќир Велиу.

Жителите велат дека се принудени да полнат вода од јавните чешми или да купуваат, а во најголем број случаи страдаат од инфекции на кожата од водата од бунарите.

-Не, нема, водоводната мрежа ја заврши претходниот градоначалник. Во Палатица вода за пиење купуваме вода, водата за пиење овде е отров. Не е за пиење, но не е ни за друго, има случаи и мали деца да имаат проблем со камења. Мали деца од 1 година и никој не ја користи водата за пиење.

-Не само во оваа населба туку и во другите населени места. Прашањето за водоснабдување е многу голем проект за кој не само локалната самоуправа, туку и владата на земјата треба да се заложи бидејќи чинат неверојатни суми и бараат време.

Од општина Желино велат дека проектот за водоснабдување на село Палатица и Озормиште постои, но дека се очекува да се одобрат средства од меѓународни проекти за да почнат работите.

„Општина Желино има проект за водоснабдување на Палатица и Озормиште, а со истиот аплицираше и за меѓународни фондови. Средствата се набавени и се очекува пуштање на средствата за да почнат работите“, велат од општината.

Најголем дел од селата во регионот на општина Тетово и околните општини немаат вода за пиење, додека со вода се снабдуваат или од реките што минуваат низ селата или од бунари. Анализите покажуваат дека околу 80 отсто од водата во селата не е за пиење.