Палевски ќе одговара на прашања на обвинителството за убиствата на Вања и Панче

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Продолжува судењето за грозоморните убиства на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Треба исказ да дава првообвинетиот Љупчо Палевски – Палчо, кој ќе одговара на прашања од обвинителството.

На претходното рочиште, Палчо одговараше на прашања од својот адвокат Јовица Страшевски, и кажа дека не ги извршил убиствата за кои се товари. Ги нападна порталите и кажа дека е под линч од нив, а дека бил киднапиран од Кривичниот суд.

Обвинителките Ана Стојковиќ и Жаклина Јосифовска ќе му поставуваат прашања за двете убиства.

Палчо на минатото рочиште објасни како ги познава обвинетите, и кажа дека не го го познава таткото на Вања. Исто така рече дека во Турција бил да открие кој го убил Гоце Делчев, а дека имал план да замине во Русија за да однесе редок докмунет.