Претседателот Стево Пендаровски на својот Фејсбук профил истакна дека очекува и бара истрагата за опожарената модуларна болница во Тетово да заврши во најкус можен рок, да се утврди причината за пожарот и соодветно да се понесе одговорност.
„Загубата на семејствата чии блиски починаа во трагедијата во Тетово, за жал, никој и ништо не може да ја надополни.Но, очекувам и барам истрагата да заврши во најкус можен рок, да се утврди причината за пожарот и соодветно да се понесе одговорност. Ова е најмалку што им го должиме на блиските на настраданите. Уште еднаш, мое искрено сочуство за сите починати. На повредените, им посакувам поскоро опоравување“, пишува Пендаровски.
