Петтиот пакет мерки конечно деблокиран, службите се вакцинираат, за пленарна седница ќе се почека

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Конечно, петтиот пакет мерки е деблокиран во Собранието. Алијанса за Албанците и Алтернатива ги повлекоа аманданите, па предлог законот со кој се планира помош за компаниите и работниците за месеците февруари и март, помина на комисијата за финансирање и буџет.

Од ВМРО-ДПМНЕ апелираат до владејачкото мнозинство овие закони, кои Владата ги пуштила до Собранието уште на 16-ти февруари, веднаш да бидат ставени на пленарна седница и да бидат изгласани.

„Се создадени услови уште денеска да се одржи пленарна седница на Собранието, на која конечно ќе заврши уште денеска законодавната постапка околу овој пакет економски мерки.Помошта иако е недовлна, на различен начин димензионирана, наша желба е што пОбрзо да стигне до граѓаните, Секој дополнителен ден значи изгубени работни места, неисплатени плати, затворени компании“, изјави Тимчо Муцунски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Откако ги повлековме амандманите, ќе ги поддржиме и мерките за финанасиска поддршка на граѓаните, фирмите, физичките лица и личен доход“, рече Сурија Рушити од АЛИЈАНСА/АЛТЕРНАТИВА.

Но, за пленарна седница ќе се почека. Од СДСМ велат дека денеска службите од Собранието се вакцинираат, па седница ќе биде закажана што поскоро без конкретен датум.

„Денеска на Комисија поминаа еден закон од четвртиот пакет, а тоа е повеќе од 20 000 граѓани ќе добијат по 6 000 денари неповратни средства, тоа е од четвриот пакет маерки и два закони од петтиот пакет меки кој изнесува над 160 милиони евра“, посочи Диме Велковски од СДСМ.

Не беше прифатен амандманот на ВМРО-ДПМНЕ со кој се бараше помошта да биде за февруари, март, април и мај, парите да се префрлат директно на трансакциска сметка на работниците, а средствата да бидат неповратни. Според заменик-министерот за финансии Димитар Ковачевски мерките од петтиот пакет мерки се влезени во Буџетот и не може да се продолжат за месеците април и мај и дека платата на работиците се исплаќа преку работодавачите. Остануваат блокирани Законот за администеративни службеници, Законот за високо образование, Изменување и дополнување на закнот за внатрешни работи, Законот за работни односи, Законот за здравствена заштита.