По два часа, заврши разговорот меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот колега од Русија, Владимир Путин.
Пред почетокот на овој повик, претседателот на Европскиот совет, Антонио Коста, рече дека ЕУ „со нетрпение го очекува“ исходот од разговорите.
„Посакувам се најдобро за овој разговор меѓу претседателот Трамп и претседателот Путин“, рече тој за време на заедничката прес-конференција со британскиот премиер Кир Стармер и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.
Кошта јасно стави до знаење што очекува Европа од овие разговори – безусловно, итно прекинување на огнот, кое, како што рече, е „од клучно значење“.
