По кинескиот, премиерот Ковачевски втор кој последниве години е пречекан со високи државно-воени почести во Софија

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Премиерот на Македонија Димитар Ковачевски е втор кој во изминативе години се пречекува во Софија со високи државно-воени почести.

Ова е четврта официјална посета на делегација од Македонија, а утре ќе биде одржана втора меѓувладина седница.

Двајцата премиери положија цвеќе пред споменикот на Кирил и Методиј и Незнајниот борец.

Попладнево, ќе го посетат и универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Софија. На крајот, агендата ќе заврши со отворање на канцеларија на државната медиумска агенција (МИА) во Софија.