По трет пат промовиран булеварот „Благоја Тоска“ – многу функционери интегристи се собраа во Тетово

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Помина 8 години од даденото ветување, а по трет пат по ред се промовираа почетокот на работите во булеварот Благоја Тоска во Тетово. Иако станува збор за 460  метри пат, во Тетово се собраа скоро целата структура на интегративците  за да го промовираат проектот кој се гради со пари на ТАВ Македонија.

„Им честитам на тетовци за овој многу важен проект за кој инсистираше секој ден градоначалничката Теута Арифи, за да се реализира и со поддршка на Владата во соработка со општината се реализира, а веќе гледаме дека почнаа работните активности. Нашето големо присуство на министри, зм. министри, државни секретари, директори на претпријатија, има за цел да ги извести не само тетовци, туку сите жители на овој регион дека Владата се грижи постојано за секое населено место и стоиме зад проектите на нашите градоначалници“, посочи Артан Груби.

За да се изгради овој булевар требаше да се урнат неколку куќи, но се уште има куќи кои не се урнати, дури живеат и семејства. Градоначалничката Арифи вели дека работите ќе завршат во предвидениот рок.

„Ние не би можеле да го реализираме без да заврши процесот на експропријација. До училиштето за текстил го завршивме овој процес. Можеби останало некое доцнење при исплатата, но од формално – правен аспект немаме никаков проблем за да продолжиме понатаму, некои продолжиле и со судска постапка“, посочи Теута Арифи.

Проектот првично беше ветен во 2014 година и оттогаш роковите за завршување на работите беа пречекорени неколку пати. Има куќи за кои се уште не е платено. Сопственичка на куќа која не сакаше да зборува пред камерите, рече дека не добила ништо за куќата, и дека нема ниту судски спор со општината. Сега рокот за завршување на работите е 90 дена, а работите ги изведува компанијата НБ.