Почина актерката од познатиот серијал „Жикина династија“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Српската актерка Даринка Дара Чалениќ, почина на 87-годишна возраст после долго и тешко боледување.

Дара Чалениќ е родена во 1934 година во Нови Сад, каде што завршила основно училиште, гимназија и средна актерска школа при Српскиот народен театар.

Чалениќ е позната по улогата на Дара на популарниот Жика Павловиќ (Драгомир Бојаниќ – Гидра) во култниот серијал „Жикина Династија“.

Има преку 40 филмски улоги, како и многубројни театарски. Се пензионира од актерството во 1988 година.

Ова е втора смрт на актери од овој филмски серијал. На 26. јануари во Атина почина Риалда Кадриќ (позната како Марија во серијалот) на 57 годишна возраст.