Полицаец загина откако бил застрелан од страна на крадец на бензинска пумпа во Германија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

34-годишен полициски службеник го загуби животот синоќа, откако бил застрелан од страна на 18-годишник вооружен крадец, јавува Билд.

Крадецот му го грабнал службеното оружје на полицаецот, и го застрелал, по што службеникот им подлегнал на повредите. Инцидентот се случил вчера околу 18:00 часот во местото Фелклинген во југозападниот дел на Германија во близина на границата со Франција, кога крадецот влегол на бензинска пумпа со намера да ја ограби. Користел и нож, а набрзо пристигнале полицајците кои го бркале и го фатиле неколку минути подоцна. При обидот да го упсат, настанала жестока тепачка.

Осомничениот има 18 години има германско и турско државјанство, пишува БИЛД, потпирајќи се на извори од полицијата.