Полицијата во главниот град на САД, Вашингтон, денеска уапси маж кој се обидел да внесе мачета во центарот за посетители во Капитол.
Според полицијата, апсењето се случило околу 14 часот по локално време, откако рендгенската контрола на влезот во Капитол покажала дека еден од посетителите имал мачета во чантата.
Мажот е уапсен на лице место, а во чантата освен мачетата имало и три ножеви.
Криминалецот се товари за носење опасно орудие, соопшти полицијата.
