Комисијата за заразни болести предлага продложен полициски час за претстојниот продолжен викенд, односно за празникот Барај. Предлогот е да има забрана за движење од сабота од 19 часот па се до вторник до 05 часот наутро.
Предлогот се очекува да биде усвоен утре или најдоцна до петок. Досега не се случило Владата да не прифати препорака на Комисијата за заразни болести.
Но што мислат граѓаните за продолжениот полициски час за празникот Бајрам?
- „Лошо е, многу лошо. Нема веќе потреба, според мене опасноста помина.
- Мислам дека не е лошо. Треба да се почитува бидејќи е за наше добро, за нашето здравје.
- Ова не е добро. Се вели дека состојбата е подобрена, а сега изолација. Ова не е добро, потоа доколку сме изолирани за Бајрам, ќе се изолираме целосно до крај.
- Ова што го прават не е добро, но доколку е одлучено така, нема што да направиме, ќе правиме како што ни велат тие.
- Не знам, можеби експертите оцениле дека е добро и доколку е така добро, а доколку не, зошто не мачат. Можеби сметат дека добро прават, од друга страна, не знам“, велат граѓаните.
Едномесечниот пост завршува во сабота, а во недела е празникот Фитр Бајрам. Бајрамската молитва е во 5:46 часот, што значи дека ако сега остане на сила полицискиот час муслиманските верници ќе можат да одат во џамија на молитвата.
Според традицијата, веднаш по бајрамската молитва муслиманските верници одат на гробишта се молат за починатите, а потоа следуваат семејни ручеци и посета на нивните роднини и пријатели. Токму едно вакво масовно движење и непочитување на мерките, е опасност од ширење на вирусот. Инаку, продолжен полициски час Комисијата за заразни болести предложи, а владата усвои и за Велигден. За прв мај полицискиот час почнуваше од 13 часот попладнето, а завршуваше во 5 часот наутро следниот ден.
