Ограничување на движењето на граѓаните од 20:00 до 05:00 часот, затворање на угостителските објекти, обложувалниците и казината за посетители се дел од мерките кои продолжуваат да важат и следната недела по предлог на Комсијата за заразни болести.
Епидемиолошките мерки имаат влијание на преносливоста на вирисот вели професорот од Техничкиот факултет во Битола Дејан Трајковски. Најголема грешка ќе се направи ако се олабават мерките според него.
„Тоа се гледа преку промената на ефективниот репродукционен број Рт или преносливоста кој што е толку помал колку што е поголем степенот на затвореноста на општеството. Најголемо намалување на преносливоста имавме за време на ланскиот локдаун за време на Велигден, додека годинава исто така иамаме намелување под 0,9 под дејство на последното затворање на угостителските објекти и полицискиот час“ истакна Дејан Трајковски, професор на Техничкиот факултет во Битола.
Трајковски вели дека ако сега се олабават мерките, сината линија на овој дијаграм нема да се спушта толку стрмно, т.е нормализацијата ќе биде пролонгирана-по цена на поголем број на новозаразени и починати.
Оние граѓани со кои разговаравме сметаат дека полицискиот час треба да продолжи, но да се отворат угостителксите објекти и тоа ако не повеќе до 22 часот:
Ако до врвот на пролетниот бран имаше 1200-1300 починати. со рестриктивни мерки тој број може да биде помал на надолната страна на бранот. Ако не (без мерки) може да се очекува сличен број на починати до гаснење на бранот околу 1 јуни (поради симетријата на на самиот бран)-објаснува професорот Трајковски.
