Пониква подготвенa за дочек на гостите и скијачите за претстојниот викенд – активирани топовите за вештачки снег

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Спортско-рекреативниот центар Пониква е подготвен за дочек на гостите и скијачите за претстојниот викенд, а во функција се ставени и топовите за вештачки снег.
Покрај природниот снежен слој од врнежите што паднаа во изминатите 24 часа, дополнително се создаваат услови за скијање на постојните патеки.

Од фирмата концесионер „Еуроком“ потврдија дека нормално функционираат и двата реконструирани ски-лифта, а подготвеноста на патеките е одлична. За тоа придонеле и ниските температури во текот на ноќта, па снежниот слој е подмрзнат и погоден за скијање.

– Ангажирањето на топовите за вештачки снег е за да обезбедиме подеднаква дебелина на снежната покривка на патеките за скијање. Ги ставивме во функција по неколкугодишен застој од нивната набавка, како дел од проектот за реконструкција на ски-лифотвите, а за што имаше финансиска поддршка од 4,8 милиони денари, обезбедени од Швајцарската агенција за развој и соработка, Министерството за
локална самоуправа и од буџетот на Општина Кочани. Исто така, ски-патеките се осветлени, а обезбедивме и дополнителна заштитна ограда како безбедност заскијачите, истакна Благој Манев, управител на „Еуроком“.

Топовите за вештачки снег на Пониква беа набавени пред осум години, но стоеја неискористени и беа оштетени, откако подоцна пропадна постапката за формирање меѓуопштинско јавно претпријатие меѓу Кочани и Пробиштип за стопанисување со рекреативниот центар.