Поради Ковид-19 најпогодена средната класа – намален извоз и увоз – резултат на „Lock down“

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Кои се предвидувањата на Светска банка за македонската економија?  Постои ли загриженост од раст на сиромаштијата ? Првиот човек на канцеларијата на Светска Банка не сакаше да лицитира со конкретни бројки,  особено пред утрешниот детален извештај за економската состојба за земјите од регионот. Очигледна е потребата да се знаат  бројките кои растат, но со промена на ситуацијата на терен се менуваат и извештаите ,истакна Масимилиано Паолучи  -Шеф на Канцеларијата на Светска банка во Скопје.

„Знам дека  треба да се видат бројките кои растат, но во овој  момент ние сме во ситуација каде  секоја бројка во извештаите подлежи  на измени….Трендовите  кои ги гледаме покажуваат јасно дека има намалување насекаде низ светот..намален  извоз, намалените увози се резултат на Lock Down“, вели Масимилиано Паолучи.

Бројките за сиромаштија во светот секојдневно се зголемуваат и според Паолучи постои опасност околу 88 илјади до еден милион луѓе во светот повторно да паднат во голема сиромаштија.

„Средната класа е особено погодена, немаме бројки за земјите но ова повторно е тренд. Интервенциите на владата се потребни во моментов и треба да бидат целни, особено треба да се имаат предвид најранливите категории, не сум во позиција да кажам одредени бројки за сиромаштија“, додава Масимилиано Паолучи.

Добро како што додава   првиот човек на СБ од  канцеларијата во Скопје,  е што власта според него има превземено навремена реакција за спас на економијата . Премиерот  Заев  е оптимист за трендот во македонската економија. Тој неодамна  на предвидувањата од страна на ММФ за пад на економијата за 5,4 проценти ,најави  дека државата ќе биде прва со најмал негативен импакт  во регионот па и пошироко.

„Ги следиме сите параметри. Нашите проекции се 4,4 посто. Беа 5, се намалени на 4,4 затоа што очекуваме самите мерки очекуваме да го покријат 0,6 проценти падот“, посочи Зоран Заев.

Како ќе го надополниме настаниот  јаз во Буџетот  кога пари се потешко се наоѓаат?  Бизнисмените предупредуваат – во иднина нема да можеме да се задолжиме кога ќе посакаме , и затоа треба да бидеме внимателни при трошењето и задолжувањето.

Инаку денеска министерството за економија со помош на експерти од Светска банка и финансиска поддршка од Британската амбасада го изготвија  првиот Предлог-закон за јавно приватно партнерство (ЈПП) во земјава. Новиот закон за Јавно приватно партнерство  има за цел да придонесе за социо-економскиот развој преку поттикнување на конкурентноста, инвестициите, трговијата и технолошките иновации.