Поради нерасчистени долгови, 27-годишник ги запалил скалите од куќа во ресенско

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Рeсен поднесе кривична пријава Д.К.(27) од Ресен поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување на општа опасност“.

На 02.09.2025 во куќа во с.Јанковец, ресенско, во која престојува А.М., поради претходно нерасчистени должничко-доверителски односи, пријавениот ги опожарил скалите од куќата.