Продолжува свлечувањето на карпи на регионалниот пат Делчево – Македонска Каменица, поради што сообраќајот е во застој.
Одроните се регистрирани околу 15:50 часот и се наоѓаат кај местото викано ,,Црна точка”.
Од утрово одрони го отежнуваа собраќајот кај месноста Баткова Чешма на истиот регионален патен правец, при што сообраќајот се одвиваше отежнато во период од 2 часа.
ФОТО: Архива
