Поради превртена цистерна кај Новоселски мост сообраќајот се одвива по една коловозна лента

НАЈНОВИ ВЕСТИ

АМСМ информира дека на патниот правец Гостивар – крак Маврово, кај Новоселски мост сообраќајот се одвива наизменично по една коловозна лента поради превртено тешко моторно возило (цистерна).

На самото место е поставена соодветна сообраќајна сигнализација и присутна е сообраќајната полиција.

ТВ21 претходно извести дека поради превртено тешко моторно возило на превојот Стража, сообраќајот беше целосно во прекин во двата правци.

На учесниците во сообраќајот им се препорачува внимателно возење, прилагодување на брзината спрема условите на патот и почитување на сообраќајната сигнализација.