„Поради вината на Сали, настрада и Алтернатива“ – Зејди ќе гласа за разрешување на Сали, но не и на другите министри

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Кога ќе дојде редот за разрешување на министрите на Алтернатива, независниот пратеник Скендер Реџепи, вели дека ќе гласа само „за“разрешување на министерот за здравство Беким Сали, но не и за другите поранешни соработници за кои зборуваше вчера во Клик Плус.

„Да, јас ќе гласам за разрешување на министерот за здравство, ќе гласам без никаков сомнеж бидејќи недостигот на политичката волја на раководството да го разреши него и направи најголема штета на структурите на Алтернатива.“, рече Скендер Реџепи.

Според Реџепи, поради вината на Сали настрада и Алтернатива и другите министри од овој субјект.

Нема да гласам за разрешување на другите министри.
-Ниту за министерот Чупи?
Не, не. Тие луѓе се колатерална штета во рамките на Алтернатива, на двајца поединци кои одлучиле да и штетат на Алтернатива. Јас нема да гласам за разрешување на ниту еден директор, министер или заменик министер на Алтернатива, освен за Беким Сали, министерот за здравство.

Но со реконструкцијата на владиниот кабинет нема да биде опфатен заменик министерот за култура, Даим Лучи, за кого Реџепи тврди дека пред 8 месеци Алтернатива го исклучил од партијата.

Тој е под ваша заштита?
-Не, не во никаков случај. Тој е независен, но јас сметам дека е младо момче кој има политичка перспектива и можам да кажам дека тој ќе остане, јас сум дел од мнозинството.
Дали сте виделе некаков список каде и тој е за разрешување?
-Не, не може да се разреши бидејќи Алтернатива го исклучи него пред 8 месеци.
Како „преживеа“ ако не е под ваша заштита?
-Бидејќи јас бев таму.

До крајот на неделата се очекува да се изгласа новиот владин кабинет, при што Реџепи изјави дека ќе ја даде неговата поддршка но не без услови.