„По двете стории со кои апелиравме за лошата состојба на музејот на ОВК, институциите се фатија за работа и го исчистија половина двор на музејот. И знамето е заменето со ново“, истакна репортерот на ТВ21.
Не целосно, но половина од дворот е исчистен. Но и покрај тоа, музејот и натаму е затворен за посетители. Од тревата која беше пред музејот по чистењето излегоа на виделина две стари статуи кои се пред дворот. Контактиравме и со општина Чаир за да видиме кој го чисти музејот а од таму рекоа:
„Исто така ве информираме дека во текот на целиот овој период работиме во насока на повторно ставање во функција на музејот. Се одржаа сериозни разговори со раководството на Институтот за културно и духовно наследство на Албанците во Северна Македонија за да го направат овој дел од институцијата, со делегирање на надлежностите за менаџирање и управување во Одделот за Музеологија во рамки на оваа институција“, велат од општина Чаир.
Музејот на слободата, или Музејот на ОВК како што е познат со години се уште е затворен. Не ретко пред избори, политичките партии изборната кампања ја почнуваа од ова место со историска тежина. Од општина Чаир велат дека наскоро овој објект ќе биде во функција и ќе биде отворен за посетители. Во овој музеј има фотографии од паднатите народни борци.
