Израелските бомбардирања во Либан во среда убија повеќе од 300 луѓе, либанското министерство за здравство објави нов број на жртви вечерва.
„Израелските бомбардирања низ целата земја во среда убија 303 луѓе, а повредија најмалку 1.150“, соопшти либанското министерство во соопштение објавено на социјалните мрежи.
Министерството соопшти дека бројот на жртви од почетокот на војната меѓу Израел и Хезболах на 2 март достигна 1.888, а 6.092 се ранети.
Потрагата по тела „под урнатините продолжува на неколку локации, покрај идентификувањето на пронајдените тела“, се додава во соопштението.
Израелските напади врз Либан дојдоа откако американскиот претседател Доналд Трамп го прифати предлогот на Пакистан за двонеделен прекин на огнот, за време на кој се очекуваат преговори меѓу двете страни и целосно е отворен Ормутскиот теснец.
На 2 март, Израел почна да го таргетира јужен Либан, каде што верува дека е седиштето на шиитското, проиранско движење Хезболах.
