Повеќе од 6 часа пламен и чад во депонијата за возила во Шуто Оризаре.
Атмосфера (со неколку ексклузивни инсерти снимени одблизу со телефон)
Нешто пред 12 часот беше пријавен пожар во депонија со лесно запаливи материјали, како гуми и пластика во Шуто Оризари.
Густ чад го зафати целиот северен дел од главниот град, а ветерот помогна пожарот да се прошири, при што дел од персоналот побара медицинска помош од Итната служба…
„Ова се противпожарните маски, кои ги има во многу мал број за персоналот кој со часови интервенира во гаснењето на пожарот, кој сè уште не може да се локализира тука во Шуто Оризаре, каде што како една од причините се сомнева експлозија на машина за компресирање на возила во депонијата на една приватна компанија.“, вели новинарот на ТВ21, Аднан Ќаили.
Од Центарот за управување со кризи изјавија дека се во состојба на готовност за интервенција и од воздух,но како што додадоа, силните ветрови ја менуваат насоката на чадот ненадејно и претставуваат ризик за хеликоптерите. Со 8 цистерни и пумпи, повеќе од 6 часа непрекинато се фрлаше вода за гаснење на пожарот.
„Од Град Скопје имавме барање за интервенција од воздух, по што се обративме до сите релевантни институции. Позитивен одговор добивме од Министерството за одбрана, хеликоптерот е подготвен и чека повик за интервенција, но поради густиот чад и слабата видливост, командантот на скопските пожарникари изјави дека во моментов нема услови и нема потреба од интервенција од воздух.“, изјави Мухамед Али, директорот на ЦУК.
Паралелно со интервенцијата, на терен беа присутни и инспекциските служби од Град Скопје, Министерството за внатрешни работи, Државниот инспекторат за животна средина и Јавното обвинителство.
„Ќе се утврди одговорноста за ситуацијата и непромисленото однесување, а создавањето диви депонии кои го загрозуваат јавното здравје и животната средина нема да се толерира.“, велат од Град Скопје.
Да потсетиме, истата компанија „АСД Мелат Груп“, на само неколку метри од денешниот пожар, имаше идентичен случај пред една година, кога со денови гореше депонијата со отпад од возила, предизвикувајќи штета врз животната средина. Обвинителството поднесе обвинение против три физички лица и едно правно лице за кривично дело – Загрозување на животната средина и природата со отпад, согласно член 230 од Кривичниот законик.
Црниот чад на местото на депонијата продолжи и во попладневните часови.
