Пожар му го зема единственото богатство што го имаше – Салим останува под кирија, со мајката и синот со посебни потреби

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Го најдовме како го отстранува тоа што останало од куќата која вчера беше зафатена од пожар.

Ваква  несреќа го снајде Салим Ќахили од тетовска Шипковица.

Ова беше неговото единствено богаство. Заедно со куќата изгоре неговата шталата и шталата на неговиот чичко.

Другите куќи беа спасени благодарение на интервенцијата на соселаните и тетовските пожарникари.

Во моментот кога избувнал пожарот, во куќата биле мајката и братот на Салим.

Тој веќе пет години живее во град поради тоа што има син со посебни потеби.

„Ме извести еден пријател дека куќата гори. Дојдов веднаш бидејќи мајка ми е инвалид и синот е неподвижен. Мајка ми и мојот брат биле внатре, а брат ми доаѓајќи со трактор го видел огнот од шталата. Прво ја земал мајка ми, синот, тракторот но за кратко време се станало пепел. Брат ми е малку повреден во пределот на десното око. Мајка ми е малку повредена додека ја носеле надвор бидејќи е неподвижна. Јас веќе не можам сам да градам куќа“, вели Салим Ќахили.

Пожарникарите раскажуваат за потешкотиите со кои се соочиле кога интервенирале поради тесните улици и недостигот на хидранти.

„Две штали и една куќа гореа. Ги спасивме околните куќи бидејќи станува збор за доста густо населено место и тесни улици. Многу е тешко да се влезе со противпожрани возила затоа барам од селаните на Шипковица да ги стават во функција двеата хидранти кои претходно беа во функција. Затоа апелирам да се стават во функција бидејќи е тешко пристапно село поради тесните улици“, вели Авни Амети.

Пожарникарите продолжија и денеска со интервенцијата за да се уверат дека пожарот е целосно изгаснат.