Пожарникарите во Неготино ќе бидат наградени со по 10.000 денари за пожртвуваност

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Награда од по 10.000 денари ќе добијат пожарникарите во Неготино за нивната пожртвуваност, одлучи Советот на Општината, информираат од Кабинетот на градоначалникот Тони Делков.

– Советот на Општина Неготино на денешната 28 вонредна седница донесе одлука со која ќе им додели парична награда во вредност од по 10.000 денари на пожарникарите од Неготино кои со возила и екипи учествуваа во гаснењето на пожарите кои ја зафатија Република Северна Македонија. Паричните награди им се доделуваат заради нивното вонредно ангажирање во гаснењето на пожарите, заради нивната огромна пожртвуваност да им помогнат на сите граѓани чии места беа зафатени од огнените стихии, појаснуваат од Општина Неготино.