Пожарот во Црна Гора се шири, туристите во страв

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Пожарот во Црна Гора и натаму гори, а истиот се шири, па предизвикува паника кај туристите кои го поминуваат одморот во оваа земја.

Над туристичкото место Петровац избувна голем пожар кој беснее веќе неколку дена, а густ чад е присутен и во туристичките центри во околните места како Будва и Свети Стефан.