Позитивен на корона, избегал од болницата во Скопје

НАЈНОВИ ВЕСТИ

„Од страна на дежурниот лекар и на медицинскиот персонал му било повеќе пати напоменато и бил враќан назад во болничката соба, меѓутоа во текот на ноќта околу 9, 10 часот навечер успеал некако да ја отвори вратата насилно и да излезе од болницата, меѓутоа тој дел од болницата каде што се изолирани нема присуство на други пациенти“, вели за Сител телевизија директорот Христијан Костов.

Настанот за ТВ21 го потврдуваат и од МВР.

На 06.10.2020 во 21.30 часот од ГОБ „8 Септември“ било пријавено дека од Ковид центарот избегал пациент Б.И. од Куманово. По преземени мерки и активности од страна на полициските службеници лицето било пронајдено околу 02.00 часот и вратено во болницата – велат од МВР за Плусинфо.