Позиција на делегацијата на ЕУ во Македонија за слобода на медиуми, пристап до информации и права од интелектуална сопственост

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Со оглед неодамнешните случувања во кои се засегнати Македонската медиумска асоцијација и Здружението за информатички и комуникациски технологии, Делегацијата на ЕУ во Република Северна Македонија е свесна за состојбата и внимателно ги следи случувањата.

Делегацијата на ЕУ потсетува на важноста за слобода на изразување, слобода на медиумите и пристап до информации за сите граѓани.

Ја повикуваме Владата, ТВ-станиците и кабелските оператори во Република Северна Македонија, да седнат на маса со Регулаторот за медиуми и да изнајдат одржливо решение коешто ќе ги почитува овие принципи и ќе работи за сите пазарни оператори и обезбедува имплементација на интелектуална права на сопственост.

Делегацијата на ЕУ е подготвена да обезбеди дополнителна техничка помош за зајакнување на правната рамка и обезбедување на сеопфатен и конзистентен пакет правила за медиумскиот сектор, за сите релевантни чинители.