Пратеник на АА-ААА: Не измамија! – Поради Левица, се закани дека ќе го повлече потписот!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Еден од 12 пратеници на АА-ААА, со кого разговараше ТВ21, се очекува да го повлече својот потпис од „новото мнозинство“, кое в петок го најави Христијан Мицкоски од ВМРО-ДПМНЕ.

Двоумењата кај дел од албанските пратеници околу новото мнозинство се однесуваат на ставовите на Левица, кои не се совпаѓаат со нивниот политички профил.

„Нѐ измамија, ќе го повлечам потписот“, рече за ТВ21 еден од пратениците Албанци, кој сакаше да остане анонимен.

Инаку, официјалниот став на АА-ААА, како политичка коалиција останува непроменет!

Пратеникот Халил Снопче за ТВ21 рече дека новото мнозинство останува исто и покрај гласините дека има пратеници кои се „премислиле“.

Тој уверува дека 12 пратеници на АА-ААА се едногласни.

„61 потпис е депониран“, рече Стопче за ТВ21, потврдувајќи ги бројките во Собрание.

Новиот партнер на опозицијата со тројца пратеници, Движење Беса, вели дека сѐ ќе биде разјаснето за 48 часа.

В петок, Арјанит Хоџа беше претставникот на Беса кога Мицкоски го објави крајот на Владата Заев 2.

Во актуелната Влада, Хоџа е министер за земјоделство во оставка.
И јавноста изгледа поделена во однос на последните случувања, откако Движење Беса ги замени владините партнери, а дебатата главно беше фокусирана на тоа – што всушност застапува Левица.

Одлуката на Беса е последица на изборите во Желино, каде гласањето на едно гласачко место беше поништено, а со тоа и победата на Блерим Сејдиу.

Одлуката на Беса за излегување од Владата на СДСМ и да премине во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, според оваа партија е повеќе од потребна. Во моментот кога ТВ21 контактираше со Биљал Касами, тој беше во неговата нова канцеларија во општина Тетово.

Тој објасни дека независно од политичките околности, новото мнозинство ќе има уште повеќе пратеници, отколку што имала досега СДСМ.

„Ние направивме ново мнозинство (61 пратеник), а во наредните денови бројките ќе раснат, рече Касами за ТВ21.

Првиот човек на Алтернатива пак, Африм Гаши, не одговори ниту на повиците, ниту на пораките на нашата редакција. Одговор не добивме ниту од Реџепи-Зејди, ниту од Хисни Исмаили. Неофицијално се дознава дека претседателот на партијата бара обединување меѓу пратениците на Алтернатива.

Ниту на ова прашање не добивме одговор од Гаши.

Никаков одговор не добивме ниту од Фадиљ Зендели од Движење Беса.

Рок за појаснување на политичката моќ во Собрание даде и Христијан Мицкоски, кој побара од премиерот Зоран Заев до понеделник во законодавниот дом да ја депонира својата оставка.