Празнична атмосфера во Тетово – 4 деца повредени, на едното му пукнала петарда во уста

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Ова беше новогодишната атмосфера во Тетово. Граѓаните иако без никаква организација од општината, секој на свој начин, со тапани, труби и огномет ја прославија Новата Година.

По забавата, во ургентниот центар во Тетово се пријавиле седум граѓани, од кои тројца биле доведени во алкохолизирана состојба, а четворица се повредени со петарди.

Првото родено бебе во Тетово е девојче кое се роди пет минути по полноќ.

„Првото бебе во 2024 година е девојче, родено е во многу добра состојба, 3 кг и 500 грама. И девојчето и мајката се во добра состојба. Тоа е прво дете во семејството Мисими и долго го чекаа нејзиното доаѓање и двете се чувствуваат многу добро“, вели Мерале Реџепи.

 Градоначалникот на општина Тетово Биљал Касами на првото бебе му подари 40.000 денари.

„Ова девојче денеска, Зоха, ни дава надеж, ни дава нова можност Тетово и тетовци кои и со оваа инвестиција направена во тетовската болница со новиот директор имаат нова можност, имаме шанса со сестрана заложба во сите сфери на Тетово и тетовци, можеме и ова да го искористиме и 2024 година да биде година на развој и просперитет“, порача Биљал Касами.

Инаку, во СВР Тетово не е пријавена никаква несреќа и случај на нарушување и јавниот ред и мир. Од СВР Тетово велат дека синоќа во овој сектор било мирно и без инциденти.